3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАInstagram ќе воведе размена на приватни пораки

Instagram ќе воведе размена на приватни пораки

instagram-app

Оваа година е многу интересна за вработените во „Instagram“. Прво во јуни беше претставен видео сервисот, како одговор на „Vine“ – видео сервисот на „Twitter“.

Потоа, минатиот месец се појавија и рекламите на „Instagram“, а од неодамна се појави и „Instagram“ зa платформата „Windows Phone“.

Сепак, најголемиот новитет за оваа година би може да дојде во вид на приватни пораки внатре во сервисот „Instagram“. Судејќи по извори блиски до компанијата, „Instagram“ има во план да воведе приватни пораки веќе во следната верзија на апликацијата, за која се претпоставува дека ќе се појави пред крајот на декември.

Исто така и групните пораки би можеле да бидат вклучени. Пораките на „Instagram“ и тоа како ќе бидат интересни, но се поставува прашањето за приватноста. Отворената природа на „Instagram“ секако може да биде пречка за приватноста на корисникот, но сигурно ќе мора да постојат опции со кои ќе може да се одлучи од кого (не) сакате да добивате пораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП