26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот проблем во Италија е невработеноста на младите

Најголемиот проблем во Италија е невработеноста на младите

letaleta1

Најсериозниот проблем во Италија денес е невработеноста на младите и тоа итно мора да се реши, изјави италијанскиот премиер Енрико Лета.

Тој изјави дека бројот на невработени млади лица постојано се зголемува во последните пет години.

„Никогаш немало толку многу невработени млади италијани, бидејќи нашиот систем секогаш ги генерираше работните места, но последната економска криза ги погоди повеќето млади лица и им ја одзема надежта“, изјави Лета.

Тој додаде дека самиот на себе си доделил задача да создаде услови за младите да останат во Италија и да не ја напуштат земјата.

„Неприфатливо е 40 проценти од младите лица да не се вработени, тоа мора да го намалиме“, изјави тој повикувајќи ги компаниите да вработуваат млади лица.

Лета призна дека повеќе проблеми ја мачат Италија вклучувајќи го и надворешниот долг, буџетскиот дефицит, економскиот јаз со северот и југот и сл.

„Сепак, најголемиот наш проблем во моментов е невработеноста на младите лица“, изјави Лета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП