2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на платите на менаџерите

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на платите на менаџерите

[vajcarija

На референдумот кој се одржа во Швајцарија две третини од граѓаните (65,3 проценти) ја отфрлија иницијативата 1:12 за ограничување на платите на менаџерите во компаниите, која ја лансираше партијата на Младите социјалисти.

Како што пренесува швајцарскиот весник „24 часа“ ниту еден кантон, од 26, не го одобри предлогот на оваа партија, според кој најголемата заработка би била до 12 пати поголема од минималната плата во истата компанија.

Иако во првите истражувања на јавното мислење се најавуваше успех на иницијативата на Младите социјалисти, швајцарската Унија на уметници и занаетчии, која беше на чело на противниците на овој предлог, со широка маркетинг кампања ги убеди граѓаните, на компаниите да им дозволат слободно да ја утврдуваат висината на заработката, бидејќи во спротивно ќе дојде до одлив на капитал од земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП