20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Струмица запленети 200 килограми риба

Во Струмица запленети 200 килограми риба

riba

Во Струмица денеска се запленети 200 килограми свежа риба која се продавала спротивно на одредбите од Законот за безбедност на храната.

Акцијата на ветеринарните инспектори е спроведена по дојава од граѓанин, дека се продава свежа риба во несоодветни услови.

Агенцијата за храна и ветеринарство, информира дека станува збор за риба за која не постои никаков документ за следливост и која се продавала на место каде не се исполнети општите барања за безбедност на храната, ниту посебните хигиенски барања и условите за ставање во промет на храна од животинско потекло.

Рибата е одземена и уништена, а против сторителите ќе бидат изречени соодветни мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП