Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 % во однос на одлуката од 06.10.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,358% или за 23,250 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,566% или за 17,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 2,450% или за 16,600 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,645% или за 2,600 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

