Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Дел од водечките маркетинг портали во регионот – Marketing365 од Македонија и Marketing mreža од Србија, стартуваа со реализација на проектот “Balkan Marketing Network”, кој има за цел афирмација на маркетинг и ПР индустријата, вмрежување и деловно поврзување на сите учесници на регионалниот пазар на комуникации.
“Идејата на самиот проект е да допринесе за развојот на маркетинг и ПР индустријата во регионот како и да поттикне регионална соработка помеѓу агенциите, огласувачите и медиумите. Исто така, преку заедничките проекти кои ќе ги организираме во иднина ќе се трудиме да поставиме нови повисоки стандарди во фелата и истовремено да промовираме позитивни регионални примери од праксата“ , изјави Борис Ефтимовски, основач и уредник на порталот Маркетинг365.
“Balkan Marketing Network e природен продолжеток на соработката на нашите портали. Следејќи ја индустријата во претходните години, свативме дека на нашите соработници но и на самата индустрија треба да и понудиме нешто повеќе. Нема сомнеж дека само со заеднички снаги и со регионално вмрежување на сите учесници на пазарот можеме да ги подигнеме границите, да ги следиме светските трендови, да оддолееме на предизвиците со кои се соочуваат сите држави од регионот, да развиваме здрава конкуренција а со тоа и да го унапредиме бизнис амбиентот и позицијата на фелата”, изјави Ивана Парчетиќ, основачот и уредник на порталот Маркетинг Мрежа.
Иницијаторите на проектот “Balkan Marketing Network“ , веруваат дека ќе ја продолжат успешната соработка со агенциите, огласувачите и медиумите, како од Македонија и Србија, така и со тие од Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора – како и со сите други кои сметаат дека ваквата соработка може да им овозможи поддршка и помош, кои веруваат во тоа што го работат, кои имаат што да покажат и кажат, а исто така и сакаат да дадат свој придонес пазарот во регионот да стане подобро место за правење бизнис и на крајот, како такво, да стане конкурентно на европско и светско ниво.
Како дел од кампањата со која за прв пат годинава ширум светот се одбележува Светскиот ден на креативност и иновативност 21 април и Светската недела…
Иако роковите се уште траат, граѓаните веќе да не аплицираат за субвенции за сончеви колектори и ПВЦ или алуминиумски прозори, соопшти денека министерот за економија…
Шефот на еврогрупата Марио Сентено изјави дека Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд на овонеделните состаноци во Вашингтон ги разгледуваат опциите за идно отпишување на долгот…
Туризмот оди во нагорна линија – државната статистика мери раст и на бројот на гости и на остварените ноќевања. Бизнисмените од овој сектор се жалат…
Еврото на одреден период „флертуваше“ на ниво од 1,24 долари, но приносите на долгорочните американски обврзници пружија подршка на доларот. Со тој потег единствената валута…
Владата во извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО целосно ја игнорира препораката за мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот…
Ако цената на биткоина не се врати барем на ниво од 8.600 долари, „копачите“ на виртуелната валута ќе продолжат да се во загуба, покажа анализата…
Германија ги упати првите алармантни сигнали за тоа дека американските санкции против еден од најголемите производители на алуминиум ќе нанесат штета надвор од Русија. Политичарите…
Одржливоста на социјалните претпријатија сè уште претставува предизвик за регионот, вклучително и за Македонија. Без обезбедување континуирани инвестиции и формирање соодветни финансиски инструменти за нивен…
Девет од 25-те Руси според Индексот на милијардери на „Bloomberg“ имаат акции во најмалку една актива во Велика Британија. И не станува збор за било…