2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска владина и бизнис делегација во Македонија

Хрватска владина и бизнис делегација во Македонија

Flag-Pins-Macedonia-Croatia

Хрватска владина и бизнис делегација предводена од министерот за економија Иван Врдољак денеска е во посета на Македонија.

Предвидено е делагацијата да има средба со министерот за економија Ваљон Сарачини, како и
со претставници на македонски компании.

Во Министерството за економија ќе биде потпишан договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за изменување и дополнување на договорот за билатерална трговија и стопанска соработка.

Во Стопанка комора на Македонија, пак, ќе се одржи македонско-хрватски бизнис форум, што ќе го отворат министрите Сарачини и Врдољак.

Целта на форумот е да се воспостават
деловни контакти меѓу македонски и хрватски компании од различни стопански дејности.ј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП