7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВредноста на златото ќе продолжи да опаѓа

Вредноста на златото ќе продолжи да опаѓа

zlatozlazla1

Аналитичарите на „Goldman Sachs“ предвидуваат дека вредноста на златото и наредната година ќе продолжи да опаѓа.

Досега, цената на овој скапоцен метал се намали за 26 проценти во оваа година, а се очекува дека ќе се намали уште најмалку 15 проценти во текот на 2014 година, со што ќе ја достигне и ќе ја надмине најниската цена од почетокот на 2010 година, кога една унца злато вредеше 1,057 долари.

Да се потсетиме, рекордната цена на златото беше достигната во септември 2011 година – дури 1,920 долари за унца, односно речиси двојно повеќе.

Златото на светските берзи доживеа нов пад на вредноста откако беа објавени последните позитивни резултати на американската економија.

Подобрите резултати од ониe што првично се очекуваа покажуваат дека ФЕД порано од планираното ќе ја оствари својата намера за укинување на стимулативната политика за купување на државни обврзници во износ од 85 милијарди долари месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП