8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Компанија од Тунис ќе гради фабрика кај Кавадарци

Груевски: Компанија од Тунис ќе гради фабрика кај Кавадарци

gruevsk

Компанија од Тунис планира да изгради производствен капацитет во близина на Фабриката на Дрекслермаер во Кавадарци, најави премиерот Никола Груевски при денешната посета на Кавадарци и Кавадаречко.

Посочи дека станува збор за компанија партнер на Дрекслермаер која отвора фабрики секаде каде што отвора и
Дрекслермаер.

– Компанијата веќе ја посети Македонија и од она што го кажа доста е извесно дека ќе дојде во Македонија да произведува одредени делови кои се потребни за производството на Дрекслермаер, рече премиерот Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на регионалниот пат Кавадарци-Мушевгроб.

Нагласи дека се уште не може да го каже името на компанијата, но прецизра дека станува збор за компанија која ги следи Дрекслермаер секаде каде што градат фабрики.

– Тие се нивни бизнис партнери и обично кога Дрекслермаер ќе отоври нова фабрика и тие отвораат своја фабрика на истото место заради намалување на транспортните трошоци за нивниот производ, истакна Груевски.

Со евентуалната изградба на новата фабрика на тунискиот производител, како што рече, ќе се намали цената на чинење на нивниот, но и на производите на Дрекслермаер.

Прашан дали и годинава лозарите ќе добијат по два денари премија за предадено грозје во домашните винарии, премиерот рече дека тоа се случувало во изминатите години кога цената на виното била ниска поради што Владата ги стимулирала производителите, а за годинава се уште се разгледуваат аргументите за тоа.

Инвеститор од ОАЕ во Ресен ќе гради дистрибутивно откупен центар Инвеститор од Обединетите Арапски Емирати се одлучи да купи земјиште во Ресен на кое ќе изгради дистрибутивно откупен центар за јаболка и друго овошје од Преспанскиот регион, најави премиерот Никола Груевски при денешната посета на Кавадарци.

– Изградбата на откупно дистрибутивниот центар ќе биде значаен импулс за земјоделството во Ресен и Преспа бидејќи ќе го зголеми извозот, ќе им го продолжи рокот на траење на јаболката и на другото овошје и ќе значи сигурен откуп и пласман за оние што ќе склучат договор, истакна Груевски.

Тој посочи дека производството ќе се пласира главно на Блискиот и Средниот Исток, но и во други делови од светот.

– Подолг период работевме да најдеме некој што ќе се одлучи да инвестира во вакво откупен центар во Ресен, а тоа беше и барање на земјоделците.

Пред изборите ветивме дека ќе најдеме инвеститор и еве конечно тоа се случи. Земјиштето е продадено, инвеститорот има
свој бизнис план и се надевам дека во наредните четири, пет месеци ќе ја почне изградбата на дистрибутивниот центар и оти ќе ја заврши до крајот на следната година, потенцира Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП