28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд април евтини летови до Париз, Брисел и Франкфурт

Од април евтини летови до Париз, Брисел и Франкфурт

wizz-air

Од почетокот на април наредната година македонските граѓани со „Визер“ ќе можат да летаат на уште три нови дестинации Париз, Брисел и Франкфурт, најави премиерот Никола Груевски.

– Покрај веќе постоечките девет евтини авиолинии со „Визер“ договоривме уште три нови линии на кои граѓаните на Македонија ќе можат да летаат по цени почнувајќи од 1.500 денари, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на регионалниот пат Кавадарци-Мушовгроб.

Тој истакна дека Владата е во преговори и со друга позната нискобуџетна авиокомпанија за отворање на уште три нови евтини авиолинии до други дестинации во Европа.

Доколку преговорите успешно завршат, посочи Груевски, во текот на наредната година ќе се отворат уште три дополнителни евтини авиолинии.

Владата го субвенционира авиопревозникот „Визер“ со по 8 евра по патник. Оваа година за нискобуџетните авиокомпании Владата доделуваше по 9 евра за секој патник, за следната цената на субвенцијата ќе биде 8 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП