24 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗаработете 100 долари на ден посетувајки ги тоалетите во Њујорк

Заработете 100 долари на ден посетувајки ги тоалетите во Њујорк

Toilet Symbol On A Wall

Ако живеете во Њујорк, немате работа (или пари), можете да заработите 100 долари дневно посетувајки ги јавните тоалети. Основачот на веб-порталот ,,ToiletFinder.com” нуди плата од 100 долари дневно на лицето кое ќе пишува впечатоци за јавните тоалети во Њујорк.

Мајкл Ли, основачот на веб-страната ,,ToiletFinder.com”, која на луѓето им нуди информации за најблиските јавни тоалети, на интернет објави оглас во кој бара соработник.

Меѓутоа наместо ,,CV” и мотивационо писмо, потребно е кандидатот да достави хумористичен преглед за јавните тоалети во Њујорк, кои ќе бидат креативни и од помош за кориниците, но и по малку одвратни.

Ли вели дека секој што ќе го насмее ќе добие по 20 долари, додека победникот на конкурсот ќе ја добие работата и ќе биде платен по 100 долари дневно за хумористичните приказни од њујоршките тоалети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП