9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦарината заплени рачни часовници и фудбалски топки

Царината заплени рачни часовници и фудбалски топки

carinata

Царинските инспектори од специјалните тимови вчера во Скопје запленија 1.210 рачни часовници и 1.070 фудбалски топки, сите со лого на заштитени трговски марки, за кои постои основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.

Како што информираат од Царинската управа, разна стока со потекло од Кина била пријавена за увозно царинење на Царинска испостава Скопје 2, од фирма увозник од Скопје.

Стоката била натоварена во камион со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на фирма превозник од Гевгелија. При контрола на камионот од страна на царински инспектори од мобилните тимови, помеѓу пријавента стока откриени се и брендираните часовници и фудбалски топки. Нивната фактурна вредност е 20.482 денари, но доколку би се продавале како оригинал во малопродажба би достигнале вредност и од околу девет милиони денари.

Стоката е привремено задржана и отпочната е постапка за утврдување на нејзината оригиналност, согласно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП