19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHidria ќе произведува делови и за Mercedes

Hidria ќе произведува делови и за Mercedes

hidria

Словенската компанија „Hidria“ ќе произведува клучни делови за системот за управување за новите „Mercedes E-класа лимузини, како и за „Vito“ и „Viano“ комбињата.

Првите производи на „Mercedes“ ќе му бидат доставени кон крајот на 2014 година или во почетокот на 2015 година.

Во „Hidria“ очекуваат дека со испорака на тие  производи ќе продолжат и по 2020 година.

Проектот е вреден 11 милиони евра.

Новата генерација на Mercedes E-класа ќе биде поекономична и еколошки прифатлива. Тоа ќе придонесе за различни системи и решенија, вклучувајќи го и новиот систем за управување со што значително ќе се намали потрошувачката на гориво. Од „Hidria“ изјавија дека компанијата со овој проект ја зголемува својата присутност на пазарот, кога станува збор за решение за системот за управување со автомобилот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП