26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVirgin Galactic ќе прифаќа Bitcoin за купување карта за во вселената

Virgin Galactic ќе прифаќа Bitcoin за купување карта за во вселената

Richard Branson

Виртуелната валута „Bitcoin“ може да се користи за да купи пица или да се изнајми стан, но од сега може да се купи и карта за пат во вселената.

„Virgin Galactic“, компанијата која ја развива комерцијалната посета на вселената и е во рамките на големата „Virgin“ империја на Ричард Бренсон, најави дека ќе прифати „Bitcoin“ за купувањето на картите.

„Сите наши идни астронаути се пионери и ова е само уште еден начин од нашето напредно размислување“, изјави Бренсон и додаде дека една стујардеса од Хаваи прва купила карта за лет во вселената со „Bitcoin“.

Летот со „Virgin Galactic“ чини 250.000 долари, а патниците можат летот да го откажат до три месеци пред планираниот датум за полетување.

„И јас самиот инвестирав пари во „Bitcoin“ и фантастично е како е направена комплетно новата глобална валута. Луѓето кои можат да инвестираат малку пари во оваа валута би требало да размислат за тоа“, вели Бренсон.

Тој се надева дека валуата ќе стане прифатена од страна на други држави во одредена правна регулација.

Вредноста на „Bitcoin“ е зголемена во последните неколку недели и тоа благодарејќи на порастот во поддршката од страна на инвеститорите, вклучувајќи ја тука и Кина, која верува дека децентрализираната валута на долг рок гледно би можела да претставува алтернативен начин на плаќање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП