18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: ЕЦБ не може да ги реши проблемите

Шојбле: ЕЦБ не може да ги реши проблемите

shojbleble1

Европската централна банка не може да ги реши проблемите на Европа, а слабеењето на монетарната политика дури може и да ја намали мотивацијата кај владите за спроведување на реформите, вели Шојбле.

„Постои опасност дека сегашната монетарна политика, заедно со своите добри аргументи, некои држави да ја протолкуваат како погрешна иницијатива, поради што нема да ги спроведат неопходните реформи“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во говорот на Европскиот банкарски конгрес во Франкфурт.

„Како што соопшти самата ЕЦБ, монетарната политика не може да помогне во создавањето на одржлив раст, таа може да купи време за реформите, но не може да ги реши фундаменталните проблеми“, изјави Шојбле.

Во текот на долгорочната криза во еврозоната, ЕЦБ ги намали клучните каматни стапки на нови, историски, минимални каматни стапки и претстави голем број на антикризни мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП