
Индустриското производство во Полска во октомври пораснало за 4,4 проценти на годишно ниво, објави полската агенција за статистика.


Индустриското производство во Полска во октомври пораснало за 4,4 проценти на годишно ниво, објави полската агенција за статистика.
Резултатот е во согласност со очекувањата на аналитичарите, пренесува словачката агенција „Сита“.
Во споредба со претходниот месец индустриското производство во Полска е зголемено за 0,2 проценти. Ослободено од сезонските влијанија, производството на полската индустрија е зголемено за 3,8 проценти во однос на октомври минатата година.
Полската агенција за статистика објави информации и од октомвриското движење на цените. Цените на полските производители на годишно ниво се намалени за 1,3 проценти. Аналитичарите предвидуваа дека нивниот пад ќе биде за 1,2 проценти.