6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на моделот Lexus LF-NX Turbo

Премиера на моделот Lexus LF-NX Turbo

premiera

По најавата на почетокот на месецов, на саемот во Токио „Lexus“ го претстави моделот „F-NX Turbo“. Овој концепт го следи моделот „LF-NX“ кој беше прикажан во Франкфурт, а кој сега е првиот „Lexus“ опремен со бензински мотор со турбополнење.

Станува збор за четирицилиндарски мотор со зафатнина од 2.0 литри кој е опремен со „D-4S“ и „VVT-i“ технологија за согорување.

premiera1

Моделот поседува „twin-scroll“ турбополнач и издувни цевки интегрирани со главниот цилиндар, што му овозможува на моторот да биде поштедлив и помалку да загадува, а во исто време да обезбедува високо ниво на перформанси.

Излезната моќ на моторот не е специфицирана, но од „Lexus“ велат дека овој модел може да обезбеди врвни перформанси, а со тоа и добара ефикасност.

premiera2

Во поглед на дизајнот, „Lexus LF-NX Turbo“ доби хормирани орнаменти на решетката на моторот, потоа црни отвори за воздух кои се сместени над матираниот хромиран спојлер.

Возилото доби и нешто пониски браници со комплетен дифузор во матирана хромирана нијанса. Исто така поседува и „dual“ хромиран издувен систем и 20 инчни алуминиумски тракала кои се поставени на пневматиците 255/45 ZR20.

premiera3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП