Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата за есенско зголемување на пензиите и од кога се очекува нивната исплата, изјави дека од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување.
Потоа ќе биде на пролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите, линеарно во вкупен износ по пензионер од 7.000 денари.



