30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот банкарски колапс во Русија

Најголемиот банкарски колапс во Русија

master bank

Банкротот на руската „Master bank“, на која централната банка пред три дена и ја одзема лиценцата, е најголемиот банкарски колапс во Русија во пост-советската ера.

Народната банка на Русија на 20-ти ноември ја одзема лиценцата за вршење на банкарски операции на московската кредитна организација „Master bank“. Од главната банка објаснија дека лиценцата е одземена поради лажните податоци и сомнителните трансакции.

Другиот ден стана јасно дека „Master bank“ била вовлечена во сомнителни операции во најмалку 10 години.

„Master bank“ исто така не работела во согласност со законот во областа за борба против перењето на пари стекнати со криминал и финансиски тероризам.

Банките во Русија често пропаѓаат, но воглавно станува збор за мали кредитни институции кои неможат да му нанесат штета на финансискиот систем на земјата.

За прв пат во Русија една банка со три милиони клиенти ја загуби лиценцата. „Master bank“ во голема мера беше насочена за работа со физички лица. Не само што износот на осигурени кредити надмина 30 милијарди рублји (нешто помалку од милијарда долари), туку банката ја има најголемата мрежа на банкомати во Русија, околу 2.800.

Голем број на продавници, хотели, ресторани, но и некои партии, ги користеле картичките на „Master bank“ при исплатата на плати.

По објавувањето на веста за одземање на лиценцата, пред затворените филијали беа формирани долги редици од клиенти кои се обидуваа да дознаат што ќе биде со нивните влогови.

Според зборовите на првиот заменик на централната банка, Алексеј Симановски, можеби имотот на банката нема да биде доволен за исплата на сите осигурителни влогови. Привремената управа на „Master bank“ одлучи од периодот од 20-ти ноември до 2-ри декември 2013-та година да не применува сакции за правните и физички лица кои нема да платат рата од кредитот на време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП