18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФорд Мустанг конечно и на европскиот пазар

Форд Мустанг конечно и на европскиот пазар

fordovic

Форд и официјално соопшти дека шестата генерација на легендарниот Мустанг, кој досега никогаш не се најде во продажба во Европа, ќе биде претставена на 5-ти декември, а во салоните ширум стариот континент ќе се појави во летото 2014-та.

На 5-ти декември Форд на истовремена премиера во Мичиген, Шангај, Сиднеј, Барселона, Њујорк и Лос Анџелес ќе го претстави својот најнов Мустанг, кој по 50 години конечно ќе пристигне на европскиот пазар.

Новиот Мустанг го карактеризира модерениот дизајн, лесното управување и ефикасните мотори и менувачи, сето тоа со цел да го прошири впечатокот надвор од американскиот пазар.

Се уште не е откриено во која европска држава прво ќе започне продажбата, а во последните истражувања кои ги спроведе Форд во Азија, Африка и Европа покажаа, дека и покрај тоа што не се продава на нивните пазари, Мустанг е меѓу петте најчести асоцијации на брендот Форд.

Оргиналниот Мустанг е претставен на саемот во Њујорк во далечната 1964-та година, а само следната година го купиле 1.5 милиони луѓе.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП