8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Франција повторно и се заканува рецесија

На Франција повторно и се заканува рецесија

pariz121par1

Иако француската влада и повеќето официјални институции прогнозираа економски раст од 0,4 проценти, статистичките податоци укажуваат дека на Франција повторно и се заканува рецесија.

Индексот на Маркит покажува дека активноста на приватните претпријатија во ноември е намалена, и тоа за прв пат во последните три месеци и во индустрискиот сектор и во услужниот сектор, пренесува весникот Фигаро.

Индексот на менаџерите за набавка во Франција во ноември од 50,5 поени кои беа забележани во септември и октомври се намали на 48,5 поени, што покажува на можност за повторно влегување на Франција во рецесија.

Во ноември француските компании склопија помал број на договори на месечно ниво поради падот на побарувачката, особено во индустрискиот сектор.

Франција заостанува во поглед на реформите во останатите земји од еврозоната кои после тешките и болни реформаторски мерки почнуваат полека да закрепнуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП