20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMурињо со 30 милиони го враќа Балотели во Англија

Mурињо со 30 милиони го враќа Балотели во Англија

Jose-and-Mario

Марио Балотели е на пат да премине во Челзи. Менаџерот на лондонскиот тим, Жозе Мурињо сака да го привлече напаѓачот на „росонерите“ на „Стемфорд Бриџ“, со кого ја одржува врската од времето кога му беше тренер во Интер.

Балотели и Мурињо не еднаш се караа за време на престојот на Португалецот во Милано, но „Специјалниот“ секогаш го издвојуваше неговиот неверојатен талент и тврдел дека неговите проблеми доаѓаат од неговиот карактер. Последните месеци, а најмногу за време на контролниот натпревар меѓу Милан и Челзи во САД, Мурињо изјави дека Балотели е многу израснат во секој поглед и сега само треба да го покаже огромниот потенцијал.

Потпретседателот на „црвено-црните“ Адријано Галијани соопшти дека Балотели не се продава. Но понудата од 30 милиони евра е подготвена и со неа се надеваат дека веднаш ќе се премисли. Тој дури и не планира да му бара заменик. Џампаоло Пацини е на пат да се опорави од тешка операција на коленото и се очекува да биде на располагање на Масимилиано Алегри од декември.

Менаџерот на Балотели, Мино Раиола исто така на неколку пати во последните недели најави дека иднината на италијанскиот репрезентативец е далеку од Италија, откако неправедно често пати е нападнат од медиумите на Апенините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП