25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: 2014-та ќе биде година на изградба на патишта

Ставрески: 2014-та ќе биде година на изградба на патишта

zoran-stavrevski

Рекордно ниво на капитални инвестиции за изградба на патишта, железнички објекти, болници и за се она што може да го подобри животот на граѓаните се предвидени во новиот буџет за 2014 година, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на партиска трибина во општина Илинден.

– Следната година можеме да ја окарактеризираме како година на изградба на патишта.

Миладиновци-Штип се очекува да ја препороди источна Македонија. Вториот автопат Кичево-Охрид е од витално значење, третиот е интензивирање на градбата на Коридорот 10, Демир-Капија-Смоквица. Тоа значи 132 километри патишта, ангажман на македонски фирми, македонски работници.

Тоа ќе ја раздвижи економијата, рече Ставрески.

Додаде дека Буџетот за 2014 ќе донесе повисок развој и подобри економски времиња.

-Минатата година опозицијата правеше опструкции, нивната реторика беше ако се усвои буџетот, ќе има банкрот, нема да има пензии, нема да има субвенции и слично.

Еве поминаа 10 месеци, се донесе буџетот, и со тој буџет Македонија успеа да оствари четврти најдобар
резултат во Европа од 3,2 отсто. 27 земји во Европа имаат понизок раст.

Дали се остварија нивните предвидувања, дали субвенциите се исплатија, дали пензиите се покачија, дали
имаше пари за патишта. Се што кажавме го исполнивме, нагласи Ставрески.

Тој додаде дека граѓаните бараат отчетност, сериозна програма и пресметани проекти.

-Некои луѓе не ја научиле лекцијата од минатото, која вели дека не можеш во континуитет да лажеш и во континуитет некој да ти верува, рече вицепремиерот Ставрески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП