6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСовети од успешните: 15 совети од големиот Ричард Бренсон

Совети од успешните: 15 совети од големиот Ричард Бренсон

brensonnonnon1

1.Немој да работиш нешто, ако во тоа не уживаш

Како што вели Бренсон, за работа треба да дадеш многу крв, пот и солзи, но на крајот на денот треба да добиеш нешто на што ќе бидеш горд.

2.Биди видлив

Бренсон во својата книга наведува совет од Сер Фреди Лејкер во кој се вели дека е важно да се појавиш на насловната страна, а не на последните страници. „Ќе мораш да излезеш таму и да се продадеш себеси. Направи будала од себе, што и да треба направи, во друг случај нема да преживееш“.

3.Внимателно одбери име

Бренсон се погрижи неговото име „Virgin“ да презентира вредност, подобрена услуга и нов, секси пристап. Тој во книгата наведува дека името го смислил додека седел со мала група од 16-годишни девојки на пијалок.

4.Перфекцијата е недостижна

Постои можност некој да направи нешто перфектно добро, да седне, да се опушти и да ужива во славата, додека таму некаде некој друг е бесен поради тоа и работи на тоа да стане подобар. Поради тоа Бренсон на своите вработени никогаш не им дава 100-процентна оценка кога ја оценува нивната работа.

5.Клиентот е секогаш во право

Бренсон вели дека во својата работа никогаш не смеете да се насочите кон тоа дека што и да каже вашиот клиент мора да биде во право. Клиентот е секогаш во право, треба да биде мото на секоја компанија, но не во сите случаи.

6.Истражете го неистраженото

Тој ги споредува истражувањата на новите теории во бизнисот, како истражувања во науката или географијата. „Постојат многу работи кои и понатаму не се откриени, пронајдени, направени. Истражувањето на тие неистражени делови во бизнисот можат да ви донесат вам нови идеи“.

7.Не е секој за директор

Менаџер треба да биде некој кој го вади најдоброто од вработените, некој кој добро комуницира со сите и им помага на вработените да научат од своите грешки.

8.Барај и друго мислење. Барај и трето мислење

Бренсон вели дека мораш да бидеш добар слушател ако сакаш да успееш. А тоа значи многу идеи, од многу луѓе, па дури потоа конечна одлука. Тој вели дека тоа може да ви сочува многу пари и време.

9.„Не палете мостови зад себе“

Добрите бизнисмени знаат кога се завршуваат деловните договори. Тоа што сте одлучиле да одите во различен правец од вашиот деловен партнер не значи дека тоа треба лошо да се заврши.

10.Кога правите грешки, направете чекор назад, не паѓајте

Вашата одлука нема да биде секогаш најдобра. Сите грешат, но кога ќе погрешите, застанете со таа одлука „лице в лице“ и бидете искрени кон себе. Откријте го проблемот и решавајте го.

11.Секогаш поставувај смешно високи очекувања

„Бренсон секогаш имал многу високи очекувања, од компанијата и од вработените и токму тоа е една од причините за наговиот успех“.

12.Верувај им на своите вработени

„Бренсон своите односи со вработените ги градел на темел на довербата, верувал во луѓето кои ги вработувал и знаел дека можат да го направат тоа што ќе им го зададе како задача“.

13.Твојот производ мора да биде најдобар на пазарот

„Производот е најважен за компанијата и тој мора да биде најдобар на пазарот за да се постигне успех. За да се оствари тоа, сите во компанијата мораат да го знаат тоа и да работат на остварување на таа цел“.

14.Репутацијата е клучна

„Покрај репутацијата на самиот бренд, Бренсон знаел дека многу е важна и личната репутација“.

15.Важно е да заземеш правилен став

„Бренсон секогаш работел на создавање позитивна клима и настојувал кон се да има позитивен став. Како во односот со своите вработени така и во третманот на самите купувачи. Работното опкружување било удобно и мотивирачко, а луѓето така сакале да работат за компанијата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП