3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSpotify веќе вреди 4 милијарди долари

Spotify веќе вреди 4 милијарди долари

spotify-logo11

Музичката платформа „Spotify“ собрала 250 милиони долари од финансирање, што ја претвора во една од најдобро капитализираните „startup“ компании, и и дава пазарна оценка од над 4 милијарди долари.

Дополнителното финансирање може да и помогне на шведската компанија да ги засили своите позиции во САД, бидејќи нејзините нето-загуби се зголемија до 77 милиони долари во 2012-та година. „Spotify“двојно ги зголеми своите приходи пред 2012-та година до речиси 600 милиони долари како последица на зголемената популарност, но и покрај тоа продолжува да е во загуба.

Пред околу една година „Spotify“ имаше околку 100 милиони долари од финансирање, а пазарната проценка беше 3 милијарди долари. Со последната пазарна оценка „Spotify“ се приклучи кон „startup“ компаниите, проценети на 4 милијарди долари.

„Pinterest“ неодамна беше проценета на малку под 4 милијарди долари. Се смета дека „Snapchat“ отфрлила понуди за купување на вредност од 4 милијарди долари, а пазарната проценка на „Uber“ исто се приближува до оваа вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП