29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМаслиново масло за здраво срце

Маслиново масло за здраво срце

maslinovomaslomas1

Луѓето кои готват со маслиново масло, го додаваат во салата или од него прават преливи, сосови и слично, имаат дури 41 процент помалку шанси да добијат срцев удар од оние кои никогаш не го користат. Колку и глупаво да звучи, вреди да се проба, нели?

Истражувачите за потребата на една студија следеле речиси осум илјади луѓе постари од 65 години, кои никогаш немале срцев удар. Според студијата, повозрасните луѓе ќе живеат подолго ако во исхраната користат големи количини на маслиново масло.

Медитеранската исхрана генерално се базира на користење на маслиновото масло, кое се смета за класична прехранбена намирница во земји како Франција, Грција, Шпанија и Италија.

Во Британија, за разлика од Медитеранот, каде се јадат повеќе животински и заштитени масти, годишно има околу 120 илјади срцеви удари, а 30 проценти од нив завршуваат фатално.

Сесилија Самиери од Националниот институт за здравје и медицински истражувања во Бордо, Франција, каде е направено и ова истражување, вели: „Срцевиот удар е вообичаен кај повозрасните луѓе, но маслиновот масло е ефтин начин за спречување на срцевите проблеми“.

Студијата ги следела прехранбените навики, физичката активност, тежината и други ризик фактори кај испитаниците. Сесилија препорачува дневно да се користат две супени лажици маслиново масло, и како што вели таа, вашето срце на тој начин ќе биде младо и здраво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП