27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Не гледам причини за заладување на односите меѓу Москва и Анкара

Путин: Не гледам причини за заладување на односите меѓу Москва и Анкара

vladimir-putin-glasses

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не гледа причини за заладување на односите меѓу Русија и Турција, потенцирајќи дека тие активно се развиваат во сите сфери.

– Ние може да имаме разлики за одделни прашања, но тоа не води до заладување на односите, изјави денеска Путин на заседанието на руско-турскиот Совет за соработка на највисоко ниво во Санкт Петербург.

Според Путин, како што јави ИТАР-ТАСС, руско-турските врски се развиваат интензивно во сите сфери, а политичкиот дијалог меѓу двете земји е нормален.

Путин истакна дека Русија и Турција работат заедно на решавање на клучните регионални и меѓународни проблеми, како билатерално, така и во рамките на ОН и Г20.

Рускиот претседател нагласи дека во последните години стоковата размена меѓу Турција и Русија достигнала 34 милијарди долари, но таа годинава  забележала извесен пад, па така од јануари до септември трговскиот обем е намален за 7,5 проценти.

Според Путин, тоа се должи на неповолната конјуктура на светските пазари. – Руските капитални инвестиции во турската економија изнесуваат 1,57 милијарда долари, а турските во Русија 740 милиони долари, додаде рускиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП