25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан меморандум за развој на туризмот во Македонија

Потпишан меморандум за развој на туризмот во Македонија

ohridsko-ezero-kajce

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Проектот за УСАИД за експанзија на мали бизниси денеска потпишаа меморандум за соработка со цел развој на активниот туризам во Македонија кој вклучува еко, културен, спортски, селски и вински туризам.

Меморандумот го потпишаа директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски и директорот на Проектот за експанзија на мали бизниси, Карл Ларкинс.

Соработката вклучува формирање на работна група која ќе ги поврзе претставниците на локалните туристички претпријатија, како и на државната и локалната власт за да се поттикне развојот на оваа гранка. Ќе бидат организирани и AdventureEDU обуки за локалниот туристички сектор, студиско патување за запознавање на туроператори специјализирани за активен туризам со понудата во Македонија и Регионален самит на Здружението за активен туризам во домаќинство на државите од Западниот Балкан во 2015 година.

Од 1993 година досега преку УСАИД инвестирани над 500 милиони долари во Македонија. Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси е четиригодишен проект кои се спроведува во Полог и Пелагонија со цел создавање на нови работни места и поттикнување на економски развој на регионално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП