25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda3 SKYACTIV-Hybrid

Mazda3 SKYACTIV-Hybrid

mazda hibrid

„Mazda“ на саемот за автомобили во Токио ќе ја претстави новата „тројка“ со хибриден погон, која засега ќе се продава само на домашниот пазар под ознаката „Axela“.

Според зборовите на челниците на компанија, претставувањето на „Mazdа 3“ со „SKYACTIV-Hybrid“ погонот е значаен момент за јапонскиот производител.

Хибридниот погонски систем се состои од четирицилиндарски 2.0 „SKYACTIV-G“ бензинец и електромотор. Бензинскиот агрегат располага со 99 ks (73 kW) и 142 Nm максимален вртежен момент, додека електричниот „помага“ со 82 ks (60 kW) и 207 Nm.

Вкупната моќ на погонскиот систем, меѓутоа, не е одреден со прост збир на моќта на неговите компоненти, па така оваа „Mazda 3“ произведува комбинирани 136 ks (100 kW).

mazda hibrid1

Тие имаат замислено елетромоторот да му асистира на бензинскиот, пред се при помали брзини на движење. Според фабричките податоци, можно е автомобилот да ја намали просечната потрошувачка во комбиниран начин на возење на само 3,2 l/100 km.

Батериите се сместени позади задната клупа, но од „Mazda“ не соопштија повеќе технички детали, како перформансите на овој автомобил.

„Mazda 3 SKYACTIV-Hybrid“ ќе се продава во Јапонија по цена од 2.3 милиони јени (oколу 17.600 евра). За пласманот на другите светски пазари, се уште не е разговарано.

„Mazda“ за саемот во Токио ја најави и верзијата „Mazdа 3“ со погон на природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП