30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканскиот „Target“ ја намали годишната прогноза

Американскиот „Target“ ја намали годишната прогноза

targettar1

Американскиот ланец на дисконтни продавници „Target“, во третото тромесечје од фискалната година забележал пад на нето профитот од дури 46 проценти и ја намали прогнозата за годишните резултати.

Во периодот август-октомври, оваа компанија остварила нето профит од 341 милион долари, или 54 центи по акција, за разлика од 637-те милиони, или 96 центи по акција во истиот период минатата година, пренесува францускиот весник „Capital“.

Приходите од продажбата во периодот кој се наведува изнесувале 17,3 милијарди долари, што е раст од 1,9 проценти.

„Target“, вториот американски дистрибутивен ланец, после „Wal-Mart“, ја намали прогнозата за профит по акција за целата 2013 година, сметајќи во иднина на вредност од 4,59 до 4,69 долари, наместо од 4,7 до 4,9 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП