ПочетнаЕКОНОМИЈАИЈЗ: Не е утврдено присуство на радиоактивност во воздухот и почвата...

ИЈЗ: Не е утврдено присуство на радиоактивност во воздухот и почвата , и не е утврдено присуство на тешки метали во водата

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје кај Трубарево, и според примероците кои беа земени, на 15.09.25 извести дека не е утврдено присуство на радиоактивност во воздухот и почвата, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во водата.

Во текот на вчерашниот ден (16.09.25) ИЈЗ ги заврши анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва како и испитувањата за радиокативност во вода.

Од добиените денешени резултати, иформираат за следното:

Земени се мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва, и тоа: Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb.

По анализата на резултатите од сите земени примероци, може да се заклучи дека нема отстаптување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb). Се забалежува зголемување на 2 параметри Cu (бакар) и Zn (цинк) само од едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски
батерии и истото е во рамките на очекувањата.

Во сите останатите места нема отстапување од референтните вредности за испитаните 16 тешки метали.

Исто така, во текот на денешниот ден, како што споменавме погоре во соопштението, се испита и радиоактивноста во примероците од вода и според добиените резултати, нема радиоактивност на земени примероци од вода.

Институтот за јавно здравје во нај кус можен рок успеа да ги направи потребните анализи. Истите ќе бидат повторени согласно протоколите во времето предвидено за тоа.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП