4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија продава акции во јавните претпријатија

Италија продава акции во јавните претпријатија

eni_italija_main

Италија ќе ги продава акциите во јавните претпријатија, меѓу кои е и нафтената и плинска компанија „Eni“, се со цел да дојде до 12 милијарди евра за следната година, и да се намали јавниот долг, ова го изјави италијанскиот премиер Енрико Лета.

Меѓу компаниите во кои Италија ќе го продава својот удел исто така се и „STMicroelectronics“, „Fincantieri“ и „Enav“.

Лета изјави дека ќе продадат три проценти од уделот во „Eni“, но дека сакаат да го задржат севкупниот удел во оваа енергетска компанија над 30 проценти.

Првиот чекор за намалување на јавниот долг.

Премиерот на Италија им изјави на новинарите дека половина од износот кој ќе биде обезбеден од продажбите ќе биде искористен за намалување на италијанскиот долг до 2014-та година. Тој додаде дека со овој потег ќе и помогне на Италија да добие повеќе слобода од Европската комисија во врска со инвестициите.

„Ова е првиот чекор  и тоа не само за држење на дефицитот под контрола, туку и за намалување на вкупниот јавен долг за прв пат во последните пет години“, вели премиерот Лета.

Италијанскиот јавен долг изнесува 133 проценти од бруто домашниот производ, и е втор најголем во еврозоната по оној на Грција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП