10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелта на Кина до 2020: Една милијарда долари трговска размена со ЕУ

Целта на Кина до 2020: Една милијарда долари трговска размена со ЕУ

Li Keqiang, Jose Manuel Barroso, Herman Van Rompuy

Кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека Пекинг сака да ги зацврсти економските врски со ЕУ и планот е трговската размена до 2020 година да биде „тешка“ една милијарда долари.

Како што наведе британскиот весник „Телеграф“, Кина ќе продолжи силно да ги поддржува интеграциите и стабилноста во Европската унија.

Кинескиот премиер се осврна и на стабилноста на Европската унија и го привлече вниманието со изјавата дека Кина веќе има голем број на вредни проекти со членките на ЕУ.

„Кина, како и секогаш, ќе продолжи цврсто да го подржува процесот на интеграции во Европа. Обединетата, стабилната и просперитетната Европа е во интерес на целиот свет. Нашиот план предвидува повеќе прилики за економска и трговска соработка меѓу Кина и земјите членки“, наведе Ли.

Тој наведе дека закрепнувањето на светската економија и понатака е на „трнлив и кревок пат“, но истакна дека економијата на Кина и оваа година ќе забележи значителен раст од 7,5 проценти со инфлација од 3,5 проценти.

Тој ги отфрли тврдењата дека урбанизацијата на земјата се забавува и истакна дека само оваа година во Кина ќе бидат отворени вкупно 12 милиони нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП