3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина ги прекина подготовките за вклучување во ЕУ

Украина ги прекина подготовките за вклучување во ЕУ

ukrainaparpar1

Украинската влада нареди прекин на подготовките за потпишување на договорот за вклучување во Европската унија, беше објавено на веб сајтот на владата во Киев.

Со тоа конечно е угасена надежта дека Украина на самитот во Вилњус следната недела ќе го потпише тој важен договор, пренесува агенцијата Франс прес.

Наместо тоа, украинската влада предложи основање на трилатерална трговска комисија меѓу Украина, ЕУ и Русија.

Случајот Тимошенко, кој се однесува на поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко, која е осудена за корупција, претставува најголема препрека за потпишување на договорот за вклучување на Украина во ЕУ, бидејќи ЕУ се противи на затворањето на Тимошенко.

Интересно е што овој потег се случи само еден ден откако премиерот на Русија, Димитриј Медведев ја спомена можноста за воведување на заштитни економски мерки кон Украина ако оваа земја се приклучи кон ЕУ.

Украина стравува за својата економска состојба, која би се нашла во тешка позиција, доколку добие блокада од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП