23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Самсунг“ осуден да му плати 290 милони долари отштета од на „Епл“...

„Самсунг“ осуден да му плати 290 милони долари отштета од на „Епл“ за кражба на патенти

ApplevsSamsunglawsuit

Суд во Калифорнија одлучи јужнокорејската компанија „Самсунг Електроникс“ да му исплати на „Епл“ отштета од 290 милиони долари, поради „кражба на патенти“.

Овие 290 милиони долари се додаваат кон 600-те милиони долари отштета, на кои „Самсунг“ беше осуден од американското правосудство во март од истата причина.

„Самсунг“ поднесе жалба на судското решение донесено во март, а ќе поднесе жалба и на оваа пресуда.

Трет судски процес е закажан за март следната година по тужба на „Епл“, според кого, „Самсунг“ во најновите производи исто така копира технологии на „Епл“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП