Стопанската комора на Македонија и Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје денеска организираат бесплатно предавање на тема „Иновативен и револуционерен маркетинг“.
Предавач е професор Виторио де Педис, професор на ESCP-EAT Европската школа за менаџмент во Торино.
Негови области на експертиза се банкарство, корпоративни финансии, финансиски пазари, лидерство и слично.
Темата на предавањето, кое е наменето за врвниот и среден менаџмент од компаниите, ќе ги инкорпорира најновите трендови во маркетингот, употребата на нови технологии при создавањето креативни и иновативни маркетинг кампањи.
На предавањето ќе бидат акцентирани поимите иновативност и револуционерност во маркетингот, две основни алатки за компаниите кои е пожелно за компаниите.