30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајк на вработените во загрепскиот аеродром

Штрајк на вработените во загрепскиот аеродром

aerodrom-zagreb

Вработените на загрепскиот аеродром „Плесо“ денеска стапија во првата фаза на штрајк со која ќе бидат стопиран целиот комерцијален сообраќај.

Како што е најавено штрајкот ќе трае до петок, 22-ноември на полноќ.

Како што соопштија претставниците на сите четири синдикати на Аеродромот, тие очекуваат на штрајкот да се приклучат 90 проценти од вработените.

Откажани се повеќе од 60 летови, а сите патници од Загреб на своите дестинации ќе стигнат, но преку аеродромите во Сплит, Љубљана или Грац.

Авиопревозниците организираа автобуси со кои за време на штрајкот, патниците од Загреб ќе бидат пренесени до алтернативните аеродроми.

На патниците кои нема да сакаат да се возат со автобус ќе им бидат понудени и некои други можности, а оние кои ќе се откажат ќе ги добијат назад парите за неискористената карта или картата ќе можат да ја заменат за некој друг лет во огранизација на истата компанија.

Ова правило важи за денес, а веќе од утре се очекува сообраќајот на аеродромот да се нормализира, но не за долго, затоа што новиот штрајк е закажан за вторник 26-ти ноември.

Причината за штрајкот е неспроведувањето на одредбата на Законот за работа и Колективниот договор со кои се утврдуваат обврските на работодавецот и по предавањето на компанијата-концесионер, францускиот „ZAIC“, која го спроведува Договорот за концесија на „ZLZ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП