2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанакиески ќе одржи средба со таксистите за најавените законски измени

Јанакиески ќе одржи средба со таксистите за најавените законски измени

aksi

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска најави дека ќе одржи средби со здруженијата на таксистите на која ќе го презентира Предлог законот за измени на Законот за превоз во патниот сообраќај, што е во собраниска процедура.

– Предлог законот е со цел да се подобри состојбата во такси превозот. Сакам во тек на дискусијата да видам кои се нивните забалешки. На крајот на оваа и наредната недела ќе имаме средби со здруженијата на таксисти од Скопје, а потоа и од останатите градови. Ќе дискутираме и ќе го дообјасниме законот, рече министерот Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Според Јанакиески, доколку во тек на  расправата за законот во Собранието се најде подобро решение, Министерството за транспорт е подготвено да го корегира со амандамн.

Предложените измени предвидуваат при вршење такси превоз превозникот да може да стои исклучиво на авто-такси стојалиште определено од општините или од Градот Скопје. Такси-возилото, според Јанакиески,  треба да стои на стојалиштето само во случај кога е празно, односно без да има патници и без да има најавен повик дека треба да земе патник од некаде.Доколку превозникот биде казнет двапати за непочитување на таа одредба ќе се донесе решение за трајно одземање на лиценцата за вршење такси-дејност. Ако се утврди дека не стои на такси-стојалиштето првиот пат глобата е 500 евра, а по повторување на прекршокот ќе следи уште една глоба од 500 евра и трајно одземање на лиценцата.

Со предложените законските измени до 1 јануари 2017 година за секој такси-превозник ќе биде задолжително познавањето основен англиски јазик, а од 2019 година познавање еден степен повеќе. Трошоците ќе ги покријат Министерството за транспорт и врски и општините, кои во меѓувреме ќе спроведат обуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП