24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWall Street: Индексите паднаа, инвеститорите скептични за RIM и Facebook

Wall Street: Индексите паднаа, инвеститорите скептични за RIM и Facebook

Wall-Street1

Растот на бројот на барања за исплатa поради невработеност и неколку слаби корпоративни резултати, ги намалија индексите на „Wall Street“.

Берзанскиот индекс „Dow Jonеs“ во јануари ја зголеми вредноста за 6 отсто, а S&P 500 за 5 отсто.

„Dow Jones“ падна за 0,36 отсто на 13.869,58 бодови, „S&P 500“ се намали за 0,26 отсто на 1.498,11 бодови, додека „Nasdaq“ се намали за благи 0,01 отсто на 3.142,13 бодови.

„Research In Motion“ цела недела е мета на продажба, а акциите денес ги намали на 6,8 отсто. Без оглед на вчерашната ефективна маркетиншка промоција на линијата „BlackBerry 10“, аналитичарите не се сигурни дека компанијата може да ја врати својата позиција во услови на бруталната конкуренција.

„Apple“ се намали за 0,3 отсто на 455,49 долари и оствари јануарски пад на пазарната капитализација од 14 отсто, што е најголем месечен пад на неговите акции од септември 2008 година.

„Facebook“ се намали за 0,8 отсто, а со оглед на големата продажба од почетокот на тргувањето, работите можеа да завршат многу полошо. Иако резултатите му ги надминаа очекувањата, помеѓу банките и брокерските куќи намалени се препораките за инвестирање во неговите акции.

Помеѓу губитниците на денот секако се наоѓаше и „Аnheuser – Busch“, кој падна за 5,9 отсто на 88,60 долари, откако Министерството за правда започна да го истражува преземањето на остатокот од акциите во мексиканската пивара „Grupo Modelo“. Тоа ги стави под голем знак прашалник плановите на „Constellation Brands“ да го превземе „Crown Imports“ поради што неговите акции се намалени на 17,4 отсто на 32,36 долари.

Резултатите ги разочараа „Dow Chemical“ и „UPS“ кој остварија помала квартална добивка од очекуваната. „Dow Chemical“ падна за 7 отсто на 32,20 долари, а „UPS“ изгуби 2,4 отсто и падна на 79,29 долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП