7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на моделот на Hyundai - Elantra Coupe

Премиера на моделот на Hyundai – Elantra Coupe

elantra

Во верзијата за 2014-та година во моделот „Elantra Coupe“ на јужнокорејската компанија „Hyundai“ додадени се повеќе елементи кои допринесуваат за забавно возење во модел кој инаку е познат по својот дизајн, вредности и премиум карактеристики.

Подобрената „Elantra Coupe“ сега поседува нов 2.0L Nu бензински мотор со директно вбризгување кој за 17 проценти има повеќе моќ односно 25ks во однос на претходната верзија, како и 18 проценти повеќе вртежен момент.

elantra1

Во рамките на моделот „Elantra Coupe“ овој мотор развива „173ks“ моќ при 6500 o/min, односно 208Nm вртежен момент при 4700 o/min. За дополнителна забава во возењето „Elantra Coupe“ е опремен со спортско управување, како и спортска суспензија која овозможува дополнително управување на кривините. Тука е уште и задниот спојлер, 17-инчните тркала, како и кожниот управувач.

Во овој модел е достапно само едно, но многу добро опремено ниво на опрема кое на купувачите им овозможува полесно се одлучат да ја купат „Elantra Coupe“. Исто така возилото доби и навигациски систем од најновата генерација и аудио-технологија.

elantra2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП