7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕвтини начини за промовирање на Вашиот бизнис

Евтини начини за промовирање на Вашиот бизнис

promocii1

Планирањето на промоцијата на вашиот бизнис изгледа како комплицирана задача. Но од кога ќе почнете да мислите за идеи и начини за промовирање на Вашиот бизнис, работите почнуваат да  бидат појасни. Вие ќе морате да најдете едноставни, ефективни и прифатливи идеи кои за задача ќе имаат да ги задржат Вашите стари купувачи и да ги привлечат новите/потенцијални купувачи. Исто така вие морате да бидете во чекор со новите тенденции на однесувањето на купувачи, бидејќи тие имаат навика да го менуваат своето мислење.

Постојат голем број на инструменти на промоција кои Вие можете да ги користете. Користењето на овие инструменти пред се зависи од тоа колку имате планирано да потрошите на промоција и од Вашите потреби/цели. Вие не морате да трошите големи пари на промовирање на вашите производи и на Вашиот бизнис. Постојат голем број на речиси бесплатни начини на промовирање на Вашиот бизнис, кои можат да опфатат голем број на потенцијални купувачи.

Социјалните мрежи како што е „Facebook“, им овозможуваат на бизнисите бесплатна промоција. Преку фан страната на Вашиот бизнис на „Facebook“, Вие ќе бидете во можност бесплатно и секојдневно да ги промовирате Вашите производи/услуги, разни попусти и промоции.

Социјалните мрежи ќе ви овозможат секојдневен контакт со веќе постоечките купувачи, но и со потенцијалните купувачи. Ова ќе Ви овозможи да ги откриете потребите на Вашите купувачи.

Купувачите сакаат да добијат бесплатни производи, особено ако подарокот доаѓа од компанијата од која купуваат производи/услуги. Магнети за фрижидер, пенкала, приврзоци, запалки… се мали но најефективни поклони. Не чинат многу, лесно се набавуваат и што е најбитно имаат корист за купувачите. Уште поубаво е ако имате поклони со испечатено лого од Вашата компанија— голем број на луѓе ќе имаат прилика да Ве забележат.

Маици со испечатено лого на Вашата компанија, или со испечатен слоган на Вашата компанија исто така можат да бидат ефикасно и евтино промотивно средство. Поделете неколку маички на повеќе лица, верувајте наскоро и Вие самите ќе ги забележите, тоа ќе биде вашата подвижна реклама.

Секогаш носете визит картички со себе. Тие се одличен начин за промоција на Вашиот бизнис. Колку повеќе пати потенцијалните купувачи го видат Вашето лого, толку се зголемени шансите да ве запомнат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП