2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖидан: Македонија да се прилагоди на „хигиенски пакет“ на ЕУ

Жидан: Македонија да се прилагоди на „хигиенски пакет“ на ЕУ

Dejan Židan

Повеќе пари за младите, помалку администрација и производство што ја чува животната средина, се трите нови правци кон кои ќе се движи земјоделството во ЕУ до 2020 година.

Како што вели министерот за земјоделство и екологија на Република Словенија Дејан Жидан во интервју за МИА, Европската унија се повеќе го форсира т.н. „грининг“ или раззеленување што подразбира дека во земјоделското произодство интензивно се вклучуваат еколошките мерки.

– Тоа ќе биде обврзно. Секој што сака да добие субвенции, ќе мора да се раководи по овој нов принцип. До 2020 година ќе се обезбедува и помош за младите земјоделци кои ќе ги преземаат стопанствата од своите родители, татковци/мајки.

Тие ќе добиваат еднократна парична помош од околу 23.000 евра. Производителите до 40 години, освен стандардна поддршка, ќе добиваат плус 25 отсто, истакнува Жидан и додава дека во ЕУ сега има нов
приоритет, сигурноста на храната и т.н. хигиенски пакет.

Унијата ќе ги промени правилата и уште повеќе ќе ги заштити потрошувачите. На тоа мора да се прилагодат сите земји, вклучувајќи ја и Македонија.

Негова оценка е дека земјава последниве години направи многу важни чекори во земјоделството. Останува забелешката за малите, ситни стопанства што, според Жидан, е карактеристика на повеќето источни земји.

– Македонија направи многу важни и тешки чекори во приближувањето кон ЕУ. Навистина сте на добар пат.

Добро е кога државата правовремено ќе се синхронизира, така, во моментот на забрзување на процесот ќе нема проблеми.

Ако во последен момент ги реализира работите, може да направи грешки…. она што треба, мора да се направи навреме зашто во моментот кога ќе се забрза процесот на приклучување кон ЕУ, тогаш нема време…., нагласува
словенечкиот министер.

За субвенциите, преговорите во ЕУ, прашањата на кои Македонија треба да се фокусира,…, зборува Жидан во интервјуто што МИА ќе го објави утре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП