10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХемикалии поврзани со предвремено породување

Хемикалии поврзани со предвремено породување

pregnant

Фталатите, вообичаени хемикалии присутни во козметичките производи, во најново истражување се поврзани со поголем ризик за предвремено породување.

Американски научници од Универзитетот Мичиген, додаваат дека фталатите веќе се поврзувани со промени во нивото на хормоните на штитната жлезда, и со зголемен ризик од развој на рак на дојка и ендометриоза.

Новите наоди објавени во научното списание „Јама Педиатрикс“ (JAMA Pediatrics) се собрани од 130 испитанички кои родиле пред 37-та недела од бременоста и од 352 испитанички кои не родиле предвреме.

Присутноста на метаболитот фталат кај учесничките во истражувањето е следена во текот на бременоста со помош на примероци од урината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП