10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроблеми во економските реформи

Проблеми во економските реформи

greecegrgr1

Одредени прашања во врска со напредокот на економските реформи во Грција и понатака се отворени, соопштија денес меѓународните кредитори на оваа земја.

ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд во моментов вршат проверка на напорите кои ги вложува Грција за да си обезбеди континуирана исплата на финансика помош.

Кредиторите во заедничкото соопштение наведуваат дека разговорот со Атина ќе биде продолжен.

„Остварен е добар напредок, но неколку прашања не се решени. Дебатата ќе биде продолжена“, се вели во соопштението.

Двете страни со месеци на можат да се договорат за обемот на заштеда во буџетот кој е неопходен за Грција да ги исполни фискалните цели.

Претставниците на кредиторите ќе се вратат во Атина на почетокот на декември со цел да го продолжат ревизорскиот процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП