26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВината на Тиквеш со медали на меѓународен натпревар во Франција

Вината на Тиквеш со медали на меѓународен натпревар во Франција

tikves

Виното Гренаш Бел (Grenache Blanc) на винарската визба Тиквеш од Кавадарци се закити со златен медал на престижниот меѓународен натпревар во Пекињон во Франција што се одржа на 24 јануари годинава. Два сребрени медалa доби и виното Бела Вода на еминентната македонска винарница.

– Со ова  Тиквеш влезе во клубот на светските вински елити бидејќи покрај оние од Шпанија, Италија и Франција беше единствената винарница од Централна и Источна Европа која се закити со одличје на меѓународниот натпревар, рече Катерина Костовска од Тиквеш на денешната прес-конференција.

Тоа, како што кажа, поволно влијаело на нивниот извоз посебно на американскиот пазар.

– Единствено ние надвор од винските земји Франција, Шпанија и Италија добивме награди „Добар партнер“, 94 поени за Бела Вода и 90 поени за „Вранец“. Веќе ги пласиравме тие вина и се надевам дека и наредната берба ќе биде целосно распродадена. Очекувам годинава пораст на извозот на интернационалните пазари поголем од ланскиот кој изнесуваше 30 отсто, рече Костовска.

Винарницата Тиквеш извезува 60 до 65 отсто од вкупното производство, најмногу на пазарите во регионот. Лани направи пробив на американскиот и на данскиот пазар, а во моментов е во преговори за влез на кинескиот и на некои европски пазари. Започнува пробив на англискиот пазар со вина од автохтоната сорта Вранец, како и со Мерло, а се очекува и потпишување договор со голема руска компанија за извоз на вината на рускиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП