2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро згаснува Winamp!

Наскоро згаснува Winamp!

Winamp-logo-site

По 15 години на интернет, некогаш најкористениот дигитален аудио плеер „Winamp“, наскоро ќе стане само спомен, пишува „PC Magazine“.

Според краткото известување на страницата на „Winamp“, по 20 –ти декември 2013-та година плеерот веќе нема да е достапен за преземање. Ова го вклучува и „Winamp.com“ и сродните услуги.

На крајот на 90-тите и почетокот на 2000-та година „Winamp“ беше најзастапена услуга за слушање музика и радио. Таа ја изгуби својата популарност, откако услуги како „iTune“ и „Windows Media Player“ се појавија на интернет. „Winamp“ беше развиен од поранешните студенти на Универзитетот во Јута, Џастин Френкел и Дмитро Болдирев и стартуваше во 1997-та година.

Овој плеер брзо стекна популарност меѓу корисниците. Компанијата „AOL“ ја купи компанијата на Френкел за 80 милиони долари во 1999-та година. Во 2007-та година, кога „Winamp“ ја одбележа 10-тата годишнина повеќето луѓе веќе беа фокусирани кон модерните дигитални услуги за музика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП