1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерска конференција за отварање работни места во ЈИЕ

Министерска конференција за отварање работни места во ЈИЕ

S

Во Сараево денеска ќе се одржи министерска конференција на Инвестициската комисија за Југоисточна Европа, на која се очекува да биде усвоена стратегијата за регионот до 2020 на Советот за регионална соработка.

Најважна цел на стратегијата наречена „Работни места и просперитетот на европската перспектива“ е отварањето на милиони нови работни места во Југоисточна Европа до 2020 година.

На средбата, како што е најавено, ќе присуствуваат министерите за економија од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Молдавија, Црна Гора, Романија и Србија, како и претставници на Европската комисија и на други регионални и меѓународни иницијативи, организации и донаторски заедници.

Стратегијата ја изготви Секретаријатот на Советот за регионална соработка во консултации со владите на земјите од југоисточна Европа, Европската комисија и соодветните регионални и меѓународни институции, откако тој мандат му го доверија министрите за економија од земјите од регионот.

Целта на стратегијата е подобрување на условите за живот во регионот и враќање на конкурентноста и на развојот во фокусот на вниманието, при што одблиску се следи и визијата на стратегијата на Европската унија „Европа 2020“.

Во стратегијата се нагласува заедничката визија на земјите од ЈИЕ до 2020 година да се отворат до еден милион нови работни места со тоа што ќе се зголеми стапката на вработување од 39 на 44 отсто, повеќе од двојно да се зголеми вкупниот регионална трговска размена од 94 на 210 милијарди евра, да се зголеми БДП по глава на жител во регионот од сегашните 36 на 44 отсто од европскиот просек и да се зголеми бројот на високообразованите граѓани за 300 илјади.

Министерската конференција ќе ја отворат генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ, заменик-министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Ермина Салкичевиќ-Диздаревиќ и специјалниот претставник на ЕУ во Сараево, Петер Соренсен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП