29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го потврди рејтингот на Белгија

Fitch го потврди рејтингот на Белгија

fitch1

Рејтинг агенцијата „Fitch“ ја потврди оценката за кредитниот рејтинг на Белгија „АА“, истакнувајќи стабилна перспектива.

Во извештајот на агенцијата се напоменува дека Белгија мора да се грижи за падот на конкурентноста на компаниите, особено поради автоматската индексација на плаќања.

„Fitch“ прогнозираше скромен економски раст од еден процент во Белгија за следната година, и стапка на невработеност од девет проценти.

Белгија е критикувана и поради брзиот раст на трошоците за вработените, што негативно се одразува врз конкурентноста на компаниите.

Агенцијата исто така предупреди за опасност од можен политички ќор-сокак по планираните избори во мај следната година, што би можело да доведе до кршење на буџетот.

„Белгија, сепак, веќе докажа дека знае како да се справи со таквиот вид на проблеми“, се заклучува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП