29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцуската банка „Кредит Агрикол“ со рекордни загуби

Француската банка „Кредит Агрикол“ со рекордни загуби

agricole

Француската банка „Кредит Агрикол“ соопшти дека очекува да забележи загуба од 2,5 милијарди евра за првите девет месеци од 2012 година, која може да биде и уште поголема, јави дописникот на МИА од Париз.

Ова е една од најголемите загуби во историјата на банката, која во 2011 веќе забележа загуба од 1,5 милијарда евра.

Во текот на минатат деценија банката инвестираше многу во претпријатијата, но со економската и финансиската криза се појавија разлики меѓу вредноста на купените претпријатија и нивната сметководна вредност.

Акциите на банката на Париската берза вчера паднаа за 4,24 отсто, но подоцна до затворањето на берзата нивната вредност порасна за 1,54 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП