3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Премногу е рано за нови стимулации на ЕЦБ“

„Премногу е рано за нови стимулации на ЕЦБ“

vajdmanman1

Гувернерот на „Бундесбанк“, Јенс Вајдман, вели дека е премногу рано Европската централна банка да размислува за дополнителни стимулации за проблематичната економија на еврозоната.

Вајдман во интервјуто за германскиот дневник „Цајт“, изјави дека ЕЦБ веќе овој месец ја олабавила монетарната политика со намалување на референтната каматна стапка, пренесува агенцијата АП.

„Не сметам дека е добра идеја веднаш да се најави нова рунда на монетарно олабавување“, изјави Вајдман.

Претпазливоста на Вајдман следеше по минатонеделниот коментар на членот на извршниот одбор на ЕЦВ, Питер Прат, кој изјави дека ЕЦБ би можела да ги откупи финансиските активи како обврзници, доколку процени дека на економијата и се заканува дефлација.

Другите централни банки во светот, вклучувајќи ја и американската ФЕД, веќе спроведоа таков откуп, со цел да ги намалат каматните стапки и да го поттикнат економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП